Златко Далиќ пред четири години ја одведе Хрватска до големото мундијалско финале, а на СП 2022 овој стратег ги донесе „коцкестите“ до четвртфиналето, каде денеска за противник ќе ја имаат селекцијата на Бразил.
Селекторот на Хрватска е свесен за огромниот предизвик пред неговата репрезентација, а на фудбалерите им порача дека мораат да извлечат поука од првиот меч на Бразил на ова СП, против Србија, дуел што „кариоките“ го добија со 2-0 со два гола во второто полувреме.
„Ја гледавме Србија против Бразил. Тие одиграа еден час одлично тактички, а потоа станаа премногу нервозни, му дозволија на противникот целосно да доминира и примиј два гола. Ни не смееме да ја пвоториме таа грешка, мораме да сме дисциплинирани од првата до последната минута и да ја чекаме својата шанса“, изјави Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА