Милан има нова гол-машина: На 14 години веќе постигна над 500 голови за „росонерите“

Милан се врати на тронот на италијанскиот фудбал, а паралелно со одличната работа со првата екипа „росонерите“ одлично ја развиваат и младинската школа. Таму Милан има суперталент во своите редови, 14-годишно момче по име Франческо Камарда кое е страв и трепет во лигата за неговата возрасна граница.

Имено, тој веќе има неверојатни 500 голови зад своето име, со фантастичен просек од 5,5 погодоци по натпревар.

Талентот е несомнен, па тренерот на У18 екипата на Милан, Игнацио Абате, реши да го вклучи Камарда во неговата екипа.

„Тој е чудо од дете, не треба да троши време играјќи со свои врсници. Верувам дека ќе успее да блесне и во У18 конкуренцијата, но дефинитивно ќе треба да продолжи да работи и да се развива“, изјави Абате.

Се вчитува...