Дејан Георгиевски продолжува да носи радост на македонската спортска јавност со одлични резултати на големите натпреварувања.
По освоениот сребрен медал на ОИ во Токио, нашиот таеквондист се прикажува во извонредно светло и на финалниот Гран-при турнир што се одржува во Саудиска Арабија, каде Георгиевски се избори за место во полуфиналето.
Македонецот за ривал во првата борба го имаше светскиот вицепрвак Мартинез од Шпанија, кого лесно и убедливо го совлада. Во следната фаза Георгиевски се сретна со Бразилецот Икарио, уште една борба што нашиот таквондист ја доби во голем стил, за место меѓу најдобрите четири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

