Амбициите на Веспрем за атак на трофејот во Лигата на Шампионите претрпеа сериозен удар по тешката повреда што Омар Јахија ја заработи на вчерашниот дуел со Висла Плоцк,
Египетскиот десен бек се пожали на болка во коленото и со помош на соиграчите го напушти теренот, по што веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен. Деталните лекарски прегледи само ги потврдија првите прогнози – станува збор за кинење на вкрстените лигаменти во коленото, по што ќе следи пауза од најмалку шест месеци од терените.
Ова практично значи дека Јахија ќе биде во аут до крајот на сезоната, нема да може да му помогне на Веспрем во борбите за трофеите во домашното првенство и во Лигата на Шампионите, но и да настапи за Египет на претстојниот ракометен Мундијал во Полска и во Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА