Нејмар го најде патот до мрежата – Бразил е на чекор до полуфинале

Бразил конечно поведе во четвртфиналниот дуел против Хрватска, откако Нејмар погоди во првата минута од судиското продолжение, првото од двете од по 15 минути во кое „кариоките“ конечно го скршија отпорот на противникот.

Сите беа во исчекување на судискиот свиреж за крај на продолжението, кога Нејмар доби топка на повеќе од дваесет метри од противничкиот гол, втрча во шеснаесетникот и по одличното двојно додавање најпрвин го мина Ливаковиќ, а потоа ја смести топката под гредата во мрежата на „коцкестите“.

Голот на Нејмар можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Бразил е на чекор до полуфинале, ако се знае дека Хрватите за 105 минути игра немаа ниту еден единствен удар во рамките на голот на Алисон Бекер.а

Се вчитува...