Фотомонтажа на денот: Ливаковиќ „со сто раце“ ги испрати Бразилците дома

Доминик Ливаковиќ е најзаслужниот што Хрватска се пласираше во ново мундијалско полуфинале, елиминирајќи го големиот Бразил.

Голманот на Динамо Загреб бранеше феноменално, запре бројни опасни удари кон неговиот гол, а потоа блесна и во пенал-рулетот, запирајќи го првиот обид на Родриго, за најава на сензационалниот резултат.

Неговото супер-издание беше добар повод за фотомонтажа од интервенциите на овој извонреден чувар на мрежата, кој дефинитивно цел живот ќе го памети денот кога го испрати големиот Бразил дома, од СП во Катар.

Се вчитува...