Серијата продолжува: Хрватска никогаш не губи на пенали на СП

Сензационалната победа на Хрватска над Бразил значи и продолжување на неверојатната серија на „коцкестите“, кои ниту еднаш досега не загубиле пенал-рулет на светските шампионати.

Серијата почна пред четири години, кога избраниците на Златко Далиќ најпрвин во осминафиналето ја елиминираа Данска со удари од белата точка, а потоа во четвртфиналето на ист начин да го совладаат и домаќинот Русија.

Јапонија беше прв ривал што „коцкестите“ го „спакуваа“ на пенали во Катар, но убедливо најзвучното име што падна пред Хрватска е овој состав на Бразил, кој атакуваше на златото и големиот пехар, а ќе остане без борба за медал.

Се вчитува...