Огромно е разочарувањето во бразилскиот табор по денешната елиминација од Хрватска, а цената дефинитивно ќе ја плати селекторот Тите.
Искусниот стратег видно разочаран по завршувањето на дуелот со „коцкстите“ го најави и своето заминување од кормилото на националниот тим.
„Овој пораз навистина многу боли. Ова е крај на еден циклус, тука нема дилема. Не сум човек што многу зборува, луѓето кои ме познаваат добро го знаат тоа. Зборував повеќе од две години, време е некој друг професионалец да го заземе моето место“, изјави Тите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА