Меси „беснееше“ по мечот со „лалињата“: „Ајде бе шетај глупав еден…, овој очаен судија не треба повеќе да суди…!“

Аргентина успеа да се пласира во полуфиналето на СП 2022 по драматичен меч со Холандија во кој на крај триумфираше дури по изведувањето на пеналите.

Но, по мечот, Лионел Меси неочекувано нервозен впуштајќи се во караница со се што најде околу себе.

Најпрво, по крајот на пенал-рулетот, дојде до конфликт со клупата на Холандија пред се со селекторот Луис Ван Гал и Едгар Давидс, а потоа вулгарно обраќајќи се кон, се уште, непозната личност за време на официјалната изјава по мечот…

„Ајде бе ти шетај, што гледаш…, глупав еден“ – се обрати Меси. Дел од медиумите шпекулираат дека тоа повторно бил некој член на стручниот штаб на Холандија кој тука поминувал, иако не е потврдено.

 

А, потоа капитенот на Аргентинците се насочи и кон главниот судија на дуелот со Холандија.

„ФИФА не треба да делегира вакви судии за завршница на Мундијал, за така важни натпревари. Овој судија не е дораснат за задачата, не само поради оние 10 минути судиско продолжение, туку и поради еден куп други глупави одлуки. Мислам дека не треба повеќе да суди“ – рече луто Меси.

Се вчитува...