Според првичните информации, 48-годишниот Вал, кој известуваше за НБС-њус, починал поради наводен бронхитис и замор поради многу работа за време на СП 2022 заедно со стресот откако се најде во центарот на скандал по обидот да влезе на стадион со маица за поддршка на ЛГБТ популацијата.
Како што информираат неговите колеги, Вал само се спуштил на своето седиште за време на мечот, по што веднаш интервенирале лекарските служби, бил пренесен и во болница, но сето тоа било предоцна.
Despite his disregard for Qatari law at the World Cup, it’s sad to see Grant Wahl suddenly die in Qatar.
It’s been a successful World Cup and the negative reporting didn’t really work.
Watch them try and spin this as some sort of assassination. pic.twitter.com/e68qjqQegj
— Abu Hafsah (@AbuHafsah1) December 10, 2022
Од Вал се збогуваа и Фудбалската федерација на САД и ФИФА истакнувајќи дека жална е веста за смртта на реномиран новинар на кого ова му беше осмо по ред светско првенство од кое известува.
Но, неговиот брат, пак, тврди дека Грант бил убиен поради начинот на неговото известување од Катар со отворен пркос кон режимот во Катар. Братот на Вал нема докази за тоа, но бара помош од САД и светот да се дознае вистината. Иако и самиот новинар во својот поткаст претходно потенцирал дека бил многу болен во последните десет дена, за што примал и антибиотици.
Eric Wahl, the brother of sportswriter Grant Wahl who died in Qatar while covering the World Cup, is asking for help.
Grant was detained in Qatar for wearing a rainbow shirt two weeks ago pic.twitter.com/lak0b1UZwa
— philip lewis (@Phil_Lewis_) December 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА