Нов огромен успех за олимпиецот: Дејан Георгиевски бронзен од финалниот Гранд При во Саудиска Арабија!

Нов огромен успех за македонскиот спорт, со прв освоен медал од финално Гранд При на годината во олимписки спорт.

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски дојде до бронзено одликување на Гранд При натпреварувањето во Саудиска Арабија на кое учествуваше со специјална лична покана.

Георгиевски со три победи, против Шпанецот Мартинез (актуелен сребрен медалист од СП) победа со доминација, против Икарио од Бразил (прв носител на турнирот) победа со доминација, и против Душебаев од Казакстан дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значајни бодови за олимписката норма!

Финалниот турнир Гранд При е најелитен таеквондо турнир веднаш после олимписките игри, на кој право на учество имаат само 16 најдоброрангирани во светот, согласно олимпискиот официјален ранкинг по категорија.

Се вчитува...