Дуелот на европските гиганти, Англија и Франција ќе даде одговор на прашањето која од овие две селекции ќе го земе последниот полуфинален билет за овој светски шампионат. Французите предводени од Мбапе ја имаат улогата на бранител на трофејот, но Англичаните се полни со оптимизам дека ќе успеат да го земат скалпот на актуелните светски шампиони.
Мечот ќе се игра на стадионот Ал Бајт со капацитет од 68.895 места и нема сомнеж дека ќе биде максимално исполнет за овој мега-дуел во Катар.
Англија постигна 12 гола на досегашниот дел од СП, израмнување на сопствениот рекорд од пред четири години во Русија, каде „гордиот албион“ стигна до полуфиналето.
Килијан Мбапе постигна пет гола на четири натпревари на овој мундијал, повеќе отколку на целото претходно СП (четири) на кое Фанција стигна до титулата.
Хари Кејн го урна рекордот на Гери Линекер како најдобар стрелец на Англија на сите времиња на големите натпреварувања. Тој сега има 52 гола вкупно за „гордиот алион“, само еден помалку од апсолутниот рекордер Вејн Руни.
Франција е првиот актуелен првак што стигнува до четвртфиналето на СП како бранител на трофејот, откако тоа му успеа на Бразил во 2006. Шпанија и Германија како светски прваци не успеаја да ја минат групната фаза во 2014 и во 2018 година.
Англија и Франција имаат одиграно две средби на СП и двете завршиле со победи на „гордиот албион“, со 2-0 во групната фаза во 1966 и со 3-1 во втората групна рунда на СП 1982.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА