Вегхорст: Сакав само да се поздравам со Меси…

Шокантното однесување на аргентинските фудбалери предводени од Лео Меси се уште е главна тема на фудбалската јавност на СП во Катар.

Холандскиот двоен стрелец Вегхорст беше посочен од Аргентинцит како провокатор, но одличниот напаѓач објасни дека неговото присуство во микс-зоната воопшто не било со лоша намера.

„Јас само сакав да се поздравам со Меси“, им објаснуваше Вегхорст на останатите аргентински фудбалери, додека примаше навреди од дел од нив предводени токму од Лео Меси.

Објаснувањето на холандскиот напаѓач следи по неверојатниот однос на Меси во микс-зоната, кога најдобриот аргентински фудбалер за момент го прекина давањето изјава за да го избрка Вегхорст од негова близина.

Се вчитува...