Кристијано Роналдо ќе остане на клупата за резерви и за денешниот четвртфинален дуел против Мароко. Ова е одлуката што ја донсе селекторот Сантош, кој не е најзадоволен од формата на најдобриот португалски фудбалер и реши и овој меч да го стартува без негова помош.
Гонсало Рамос дебитираше со хет-трик на осминафиналето со Швајцарија, по што младиот ас на Бенфика повторно доби шанса да ја предводи навалната линија на Португалците, помогнат од Жоао Феликс.
Исто како и против Швајцарија, Сантош покрај Роналдо го избриша и стартниот десен бек Жоао Кансело, на чие место шанса ќе добие Далот од Манчестер Јунајтед.
⏲ Chegou a HORA: Este é o nosso 11 Inicial para hoje! 👥🇵🇹 #VesteABandeira
⏲ It’s TIME: This is our Starting 11 for today! 👥 #WearTheFlag pic.twitter.com/i7N6khiFag
— Portugal (@selecaoportugal) December 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА