Македонскиот фудбалер на векот, легендата Дарко Панчев не го крие задоволството од победата на Хрватска над Бразил во четвртфиналето и пласманот на „коцкестите“
Уште пред почетокот на Мундијалот, Панчев нагласи дека во Катар ќе навива за Србија и за Хрватска и „ќе биде пресреќен ако некоја од овие наши балкански селекции дојде до завршницата“.
Сега, како што вели за хрватски „Индекс“ е пресреќен по триумфот на Хрватска над Бразил.
„Натпреварот го гледав заедно со легендите на македонскиот фудбал, Бобан Бабунски и Васил Рингов, кој во осумдесеттите години на минатиот век играше и за Динамо Загреб. Кога заврши мечот ние среќни си честитаме, а Васил вели: ‘Сега е тоа – тоа, и полуфиналето ќе го гледаме заедно за да и донесеме среќа на Хрватска’. Секако дека се согласивме. Кога видов по мечот како Нејмар и Бразилците плачат, само почнав да викам: ‘Плачи Нејмар, плачи… Хрватите се појаки“. Не е тоа ништо чудно што Скопје жестоко навиваше за Хрватска. Сепак се работи за држава од поранешна Југославија. Па за кого би требало да навиваат Македонците ако не за Хрватска? Во ред, ние повозрасните кои живеевме во таа држава можеби пожестоко навиваме, ама гледам и младите гаат симпатии кон балканските земји“ – вели Панчев.
А, дали го изненади победата со Бразил?
„Искрено да. Цел свет очекуваше да победи Бразил, но Хрватска со мудра игра, колективна, дојде до посакуваната цел. Секогаш секоја победа над Бразл е изненадување, но видовме на овој Мундијал дека фудбалот и тоа како се изедначи, нема веќе изразити фаворити и големи екипи. Секој може секого да победи. Верувам дека Хрватска може да ја изненади и Аргентина која воопшто не ме воодушевува. Хрватска треба да ја игра само својата игра и може до финале“ – вели Дарко Панчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА