„Ладен туш“ за Португалците: Ен Несири во „Роналдо стил“ за водство на Мароканците на полувремето (ВИДЕО)

И покрај континураната иницијатива во текот на сите 45 минути, Португалците сепак доживеаја „ладен туш“ во четвртфиналната пресметка со Мароко на Светското првенство 2022 во Катар.

Португалија, со Кристијано Роналдо на клупата, имаше повеќе атаци кон противничкиот гол во првото полувреме но на крај има и негатива од 0-1 во очекување на второто полувреме.

Португалците беа шокирани во 42. минута кога Ен Несири со висок скок во „Роналдо стил“ со глава ефектно донесе предност од 1-0 за Мароканците…

УБАВИОТ ПОГОДОК НА ЕН НЕСИРИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...