Сензационална историја за Африка: Мароко во полуфиналето по елиминацијата на Португалија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Мароко запиша историја за себе и за африканскиот континент со пласманот во полуфиналето на Светското првенство 2022 во Катар по победата во четвртфиналето над Португалија со 1-0. Мароко стана првата селекција од Африка во историјата која изборила мундијалско полуфинале!

И покрај континураната иницијатива во текот на сите 45 минути, Португалците сепак доживеаја „ладен туш“ во финишот на првото полувреме.

Португалија, со Кристијано Роналдо на клупата, имаше повеќе атаци кон противничкиот гол во првото полувреме но на крај примија погодок пред полувремето кој се покажа доволен за конечни 0-1 на крајот.

УБАВИОТ ПОГОДОК НА ЕН НЕСИРИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Во второто полувреме, португалскиот селектор Сантош од 50. минута во игра го внесе и Кристијано Роналдо, имаа Португалците повеќе од играта и повеќе можности за израмнување но не успеа да дојдат до посакуваниот гол. На крај за вистинска СЕНЗАЦИЈА со пласманот на Мароко меѓу најдобрите четири екипи на Мундијалот во Катар!

Се вчитува...