Петровиќ: Жал ми е за публиката, ни недостигаше еден плејмејкер со кој се ќе беше поинаку

Александар Петровиќ има причина за загриженост откако МЗТ Скопје загуби уште еден домашен натпревар, овојпат од последниот тим на табелата, Борац Чачак, огромен чекор наназад за „металците“ во обидите да обезбедат опстанок во АБА1 лигата.

Борац водеше од почеток до крај и апсолутно заслужено ги освои бодовите, максимално користејќи ја скратената ротација во тимот на МЗТ на плејмејкерската позиција, каде за десетина дена македонскиот шампион остана без Магдевски и Ајви.

„Од прва минута го бркавме резултатот, се чувствува дека недостига уште еден плејмејкер со чија помош се ќе беше поинаку. Тоа не е алиби, ова беше долга недела со големи проблеми, не можам да им замерам на моите играчи за залагањето. Не смееме да си дозволиме вакви порази на домашен терен, мораме да продолжиме да работиме и на наредните три натпревари, со Задар, Сплит и со Цибона да се реваншираме за овој пораз. Жал ми е за публиката, но бевме и натскокани, не ни функционираше ниту шутот од далечина“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...