Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Од врвот, од Мон Блан Чуамени до таму некаде на југот на Франција“.
Друже читам цело првенство некои експерти, боранија биле Мароко, дрва арапски ти реков ми рече, а тие играа со Хрватска, Шпанија, Белгија и Португал и не примија ниеден гол… Абе друже нели експертине викаа пошо у ноември ќе се игра Свецко нема да има изненадувања, епа друже изглеа не знаат дека не е ноември, декември е… хе хе хе … Друже знаеш ја Роналдо не го сакам, лигле ми е цел живот, али коа го видов со солзи у очине, друже и ја се натажив… Да ти кажам право отидов кучето го бацив, така некако емотивно се почувствував… Друже оној Боно, кај брани другарчето бе, голманиште еј… Први Африканци друже у полуфинале, а? Свака час друже, кидам капа… Хакими, само Реал Мадрид може таква грешка да напраат бе… Најбоље бек у свет… Него ако те чујам оној Кансело, сопнатиот да ми го фалиш уше еднаш… Абе ја со мои, небитно колку години да влезам у екипа кај Пеп ќе изглеам ко Гама Станковски на времето коа играше… Него друже оној Ето го праеа сите будала коа викаше Мароко финале, ама на крај ќе излезе гениј…
Друже шо ти зборев, многу разбирам фудбал значи. Ти реков ќе навијам за Англија, може да иде у продуженија, али мислам дека Франција ќе тепа 1-2 на крај. Не бидна така… Ти викам многу разбирам фудбал, друже… Го глеам друже Бошко Ѓуровски гостин на РТС… Абе каква легенда е и он да ти кажам право… Се сеќаваш ли на изјавана коа ни беше селектор вика „Шпанија има слаби страни“…. Пустиот пет му дадоа тогаш… Него друже дај бе оваа лакрдија со судииве ќе ја опраат ли бе… Континентална неутралност… Господине Пјерлуиџи Колина ќе ве молам, не сме мали деца… Него Енглезиве на крај вака така пак по кучи… Многу паѓаат бе друже.. Мене на цементара да ми доеја на времето и вака да ми паѓаа, па сите со скршени нозе дома ќе си отидеа… Тоа е друже, некој ќе рече пеналите се лутрија, ја ќе речам, пеналите се томбола, џек-пот друже… Оној Хари Кејн ја упуца ко да нема утре… Ја прати на Марс друже… Тоа е пусти Енглези, пак истото…
Сеа два дена пак ко мисири ќе дремеме а? Ајде нема везе идам друже дома на мајка ми и е роденден, па ќе пивнеме со стариот по некоја домача дуњовача… Ауу друже каква дуњовача праи стариот мој, ќе ти донесам некој ден потсети ме… Ајде се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА