Трогателна исповед на Ашраф Хакими: Мајка ми чистеше туѓи домови, татко ми беше уличен продавач, за јас да играм фудбал… Сега јас се борам за нив!

Ашраф Хакими е еден од хероите на мароканската репрезентација која го шокираше светот со пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Катар.

За првпат во историјата една африканска селекција се најде меѓу најдобрите четири во светот, сето тоа за огромна радост на мароканските репрезентативци и нивните семејства со кои ја делеа среќата во Катар.

Хакими, во ниту еден момент не го заборави своето семејство кое е негова најголема поддршка. По секоја победа на првенството прославуваше заедно со својата мајка на трибините истакнувајќи дека таа и неговиот татко се тие за кои живее сега.

„Мојата мајка на другите им ги чистеше домовите за нешто пари, татко ми беше уличен продавач. Играњето фудбал за мене беше сон, а за нив жртва. Се жртвуваа и моите браќа само за јас да успеам во фудбалот. Бевме многу сиромашни а тие сите пари ги чуваат за да може јас да се развивам. Сега јас живеам за нив, се борам и ќе се борам само за нив“ – вели Хакими.

 

Се вчитува...