Оливер Жиру со убав погодок ја донесе Франција до победа над Англија од 2-1 и пласман во полуфиналето на Светското првенство 2022 во Катар.
36-годишниот напаѓач на Милан во осминафиналето го прескокна Тјери Анри и стана најдобар стрелец во историјата на Франција, а сега дојде до 53-от гол за репрезентацијата и вкупно четврти на турнирот со што се израмни со Лионел Меси, а со гол повеќе во трката за Златната копачка води Килијан Мбапе.
„Ова е навистина волшебно. Се ме потсети на натпреварот со Белгија од 2018 година. За жал беше досуден и тој пенал, но се се заврши добро за нас. Секогаш мора да веруваш во победа. За голот Гризман ми испрати одлична топка а јас погодив. Навистина сум горд. Вечерва одигравме голем натпревар. Знаевме каков потенцијал има оваа млада репрезентација на Англија. Имаат се, но ние одиме понатаму“ – истакна Жиру по синоќешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА