ВИДЕО: Неверојатно претепување на противникот за само 23 секунди, за нов УФЦ-рекорд

Иако главниот меч од УФЦ 282 заврши со разочарувачки нерешен исход во полутешка категорија меѓу Јан Блахович и Магомед Анкалаев, сепак ММА-фановите беа сведоци на неколку извонредни борби од кои се издвои Јаирзињо Розенструк.

Суринамскиот борец од првата секунда навали на Крис Даукаус со неверојатна претепување, па судијата мораше да го прекине мечот по само 23 секунди.

Розенструик на тој начин стана првиот борец во историјата на УФЦ кој трипати успеал да победи за помалку од половина минута.

Во УФЦ сега има седум победи и четири порази, а во професионалната ММА кариера е со 13 победи и четири порази. Притоа само една победа не успеал да извојува со нокаут, а двапати загуби со едногласна одлука на судиите.

Се вчитува...