ВИДЕО: Евро-гол на Мишевски од слободен удар, „лавовите“ водат со 0-2 во Кратово

Фудбалерите на Македонија ЃП го изненадија Силекс со два гола за водство од 0-2 уште по првиот половина час игра во последното коло од првиот дел во Првата македонска фудбалска лига.

А, најзаслужен за водството на „лавовите“ е Мишевски кој беше стрелец на двата погодоци за гостите.

Вистински евро-гол директно од слободен удар од 25 метри беше вториот погодок на Мишевски во 24. минута…

Претходно, својот тим го донесе до предност со голот од пенал во 14. минута.

Се вчитува...