Шкупи веќе го реши Работнички, Брегалница убедлива со Победа, Мишевски го шокира Силекс, Тиквеш води со „пандевци“ (ВИДЕО)

Убедлива предност на Шкупи, Брегалница и Македонија ЃП уште по првото полувреме во последното 18. коло од есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига. Тиквеш води на гостувањето против Академија Пандев во Струмица, а нема голови единствено на дуелот меѓу Скопје и Струга ТЛ во Автокоманда.

Шкупи има предност од 0-3 на гостувањето против Работнички со двата погодоци на Сандеј Адетунџи и еден автогол на Исмаили.

Адетунџи погоди уште во 7. минута за водство од 0-1, а потоа стрелаше и во 21. минута за водство од 0-2. Во 40. минута автогол си постигна Исмаили за 0-3.



Фудбалерите на Македонија ЃП го изненадија Силекс со два гола за водство од 0-2 уште по првиот половина час игра. А, најзаслужен за водството на „лавовите“ е Мишевски кој беше стрелец на двата погодоци за гостите.

Вистински евро-гол директно од слободен удар од 25 метри беше вториот погодок на Мишевски во 24. минута…

Претходно, Мишевски својот тим го донесе до предност со голот од пенал во 14. минута.

Брегалница води со 2-0 против прилепска Победа во Штип, со двата гола на Дарко Додев во 17. и во 21. минута од натпреварот.

Тиквеш, пак, има предност од 0-1 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица. Стрелец на погодокот за кавадарчани беше Ивановски во 21. минута од натпреварот.


ПМФЛ – 18. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ 0-0
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2-0
Додев 17′, 21′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ТИКВЕШ 0-1
Ивановски 21′
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
Мишевски 14′(п), 24′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0-3
Адетунџи 7′, 21′, Исмаили 40′(аг)
Шкендија е слободна

Се вчитува...