Тренерот на Алиоски се нуди за селектор на Бразил

Актуелниот тренер на Езгијан Алиоски во Фенербахче, Жорге Жезус, јавно се понуди за да стане нов селектор на Бразил по заминувањето на Тите од кормилото на „кариоките“.

Жезус, кој претходно бележеше добри резултати и како тренер на Бенфика, изрази подготвеност без размислување да прифати да стане предводник на Бразил доколку такво нешто му биде понудено.

„Тоа е работа што не се одбива, ниту еден тренер во светот не би одбил да стане селектор на Бразил. Кога јас би станал селектор, тоа би ми бил врв на кариерата, би имал можност да работам со најдобрите фудбалери во светот. Како што многу пати имам кажано, бразилските играчи се најдобри во целиот свет и мислам дека од она со што располага нашата земја, може да се состават два тима кои би биле шампиони и вицешампиони на светот“, изјави Жезус за бразилскиот весник „О Глобо“.

Се вчитува...