Хрватите доминираат во „Тимот на четвртфиналето“ (ФОТО)

Четворица хрватски репрезентативци се дел од идеалниот тим на четвртфиналето на Светското првенство 2022 во Катар.

Според изборот на „Софаскор“, МВП на четвртфиналето е капитенот на аргентинската селекција, Лионел Меси.

Ливаковиќ, Ловрен, Јурановиќ и Брозовиќ се хрватските репрезентативци во идеалниот тим, а во одбраната се и Ел-Јамик и Атијат-Алах од Мароко, а меѓу најдобрите има место и за Гризман, Фернандеш, Сака, Вегхорст и Меси.

 

Се вчитува...