ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЧАИР: Домашен навивач дивјачки нападна кошаркар на Работнички (ВИДЕО)

Огромен инцидент се случи на вечерашниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Работнички од Првата кошаркарска лига откако еден домашен навивач го нападна кошаркарот на „центарци“, Ерик Нотиџ.

Веќе на првиот натпревар во својата сала „Шабан Трстена“ во Чаир, домашниот тим се најде во несакана ситуација по инцидентот кој го предизвикаа навивачите.

Најпрвин дојде до мал конфликт меѓу Нотиџ и еден од домашните кошаркари, но откако страстите се смирија се случи и огромниот инцидент. Навивачот влета од позадина и го удри играчот на Работнички.


Работнички во моментот на инцидентот имаше убедлива предност од 23-44. По инцидентот судиите и гостински кошаркари се повлекоа, а натпреварот е се уште во прекин.

Се вчитува...