Струга ТЛ со реми (1-1) на гостувањето против Скопје во Автокоманда го заврши есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани со три бода предност во однос на второпласираниот Шкупи го завршија есенскиот дел, па шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски сигурно може да биде задоволен од прикажаното, иако за време на паузата следи анализа на сите слабости за да во пролетниот дел тимот биде што поподготвен во битката за шампионската титула.
„На тешкиот терен во Автокоманда одигравме еден квалитетен натпревар во кој до последниот свиреж на судијата ја баравме победата, но за жал не стигнавме. Честитки за борбеноста, како на моите, така и на играчите на Скопје. Следува пауза, низ која ќе ги анализираме сите наши слабости во текот на ова полусезона, се со цел на пролет да бидеме уште поподготвени и да атакуваме на врвот” – вели Захариевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

