Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски-Урко викендов настапи на Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“ во Ниш, Србија, со досега незабележано рекорден број натпреварувачи.
Целокупната експедиција на натпреварувачи и членови на стручните штабови на Македонија во Ниш броеше 220 лица, од кои 170 натпреварувачи од 22 клубови.
На шампионатот на кој учествуваа седум балкански земји со 61 кикбокс клуб, Македонија се закити со вкупно 105 медали, од кои 39 златни одликувања, 31 сребрени и 35 бронзени одликувања.
Македонската репрезентација го освои и пехарот за најтрофејна екипа на првенството, а претседателот на КМФМ и претседател на Балканската кикбокс федерација, Дејан Митровски – Урко беше одликуван со посебна плакета за посебна заслуга за развојот и промоцијата на кикбоксот на Балканот.
„Како претседател на КМФМ навистина сум задоволен од успехот на нашите кикбоксери на шампионатот во Ниш и остварениот резултат кој е заслуга на тимската работа и соработката меѓу раководството, тренерите и натпреварувачите во Кикбокс МаиТаи федерацијата на Македонија во која владее слога, единство и меѓусебно помагање кои секогаш доведуваат до успех“ – ни изјави првиот човек на КМФМ, Дејан Митровски – Урко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА