Судијата од мечот Аргентина – Холандија веќе е дома, нема повеќе да суди на Мундијалот

Шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз е испратен дома и повеќе нема да суди на Светското првенство 2022 по четвртфиналната пресметка меѓу Холандија и Аргентина, одлучи ФИФА.

На Мундијалот во Катар остануваат да се одиграат уште четири натпревари, но на Лахоз веќе му е соопштено дека нема да се смета на него.

Дуелот меѓу Холандија и Аргентина го одбележаа бројни тензии на теренот и надвор од него. Се чини дека ФИФА за тоа го обвинува токму Лахоз кој подели дури 15 жолти картони, и според многумина многу слабо го контролираше натпреварот и неадекватно ги дисциплинираше играчите.

Полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска се игра утре од 20 часот а ќе го суди италијанскиот судија Даниеле Орсато, а судиите за пресметката меѓу Франција и Мароко се уште се очекуваат.

Се вчитува...