Нова трагедија во Катар: Почина уште еден фоторепортер-новинар

Уште една трагедија во Катар која ги затекна новинарите известувачи од Светското првенство 2022. Еден ден по смртта на американскиот новинар Грент Вал кој почина на трибините за време на пенал-серијата на мечот меѓу Аргентина и Холандија, уште една смрт на фоторепортер-новинар.

Фото-новинарот на локалната телевизија Ал Кас, Калид Ал Мусалам починал исто така за време на известувањето од натпреварите на Мундијалот. Кратко се пренесува дека починал ненадејно за време на извршување на своите службени должности на СП 2022.

Претходно, како што е познато, Американецот Вал почина поради здравствени проблеми кои му се појавиле за време на Светското првенство, иако неговио брат тврди дека е убиен затоа што искажувач револт кон катарските власти а отворено пружајќи поддршка на ЛГБТ популацијата.

 

Се вчитува...