Голема чест: Владо Илиевски доби награда за животно дело

Поранешниот македонски репрезентативец и воедно легенданта на македонската кошарка, Владо Илиевски доби награда за животно дело од страна на Општина Струмица на одбележувањето на Денот на заштитниците на градот – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Илиевски професионалната кариера ја започна во Неметали Огражден, а оттаму премина во Партизан. Во богатата кариера ги носеше дресовите и на Анталија, Олимпија, Барселона, Рома, Болоња, Монтепаски, Тау Керамика, Ефес, Локомотив Кубањ, Цедевита Загреб, Нумбург, Цибона, Орландина и Работнички.

Тој беше дел од најголемиот успех на македонската кошарка во 2011 година кога на Евробаскетот во Каунас, Македонија го освои четвртото место, а токму Илиевски ја постигна победоносната тројка во четвртфиналниот меч против Литванците.

Се вчитува...