Модриќ: Одиме да го одиграме мечот на нашите животи

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ изјави дека неговиот тим прави неверојатни работи на второ Светско првенство во низа.

Хрватска го елиминира Бразил и по трет пат во историјата се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.

„Импресивно е повторно да се биде во полуфиналето на Светското првенство, ова што го прави овој тим е нешто неверојатно. Нормално е дека сите повеќе гледаат во големите земји. Бидејќи сме мала земја, никој не не зема во предвид, но немаме проблем другите да бидат фаворити, а ние да бидеме во сенка. Тоа е нешто над кое немаме контрола. Аргентина е голем тим, не играме само против еден играч. Секако дека Лео Меси е одличен, нивниот најдобар играч и ќе имаме многу потешкотии да го спречиме, но ние сме подготвени и ќе дадеме се од себе. Да се ​​обидеме да го одиграме најдобриот меч на турнирот и во нашите животи. Се надевам дека тоа ќе биде доволно за финалето“, изјави Модриќ. 

Се вчитува...