Откако Хрватска го „откажа“ Тите од клупата на бразилската репрезентација, тамошната национална федерација е во потрага по нов селектор. Тите поднесе оставка по поразот од Хрватска, а многу бразилски медиуми се свртеа против локалните стручњаци, инсистирајќи дека нов човек на клупата треба да биде странец.
Се чини дека на таков начин размислува и претседателот на Фудбалската федерација на Бразнил, Едналдо Родригес, кој веќе го најде човекот што го посакува на клупата на репрезентацијата.
Светските медиуми тврдат дека Родригес ќе му понуди договор на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, а неговиот мандат на клупата ќе започне на крајот од актуелната сезона, односно од летото 2023 година.
Минатиот месец Гвардиола го продолжи договорот со Граѓаните до 2025 година, но Бразилците веруваат дека тоа нема да биде проблем, односно ќе ја платат отштетата потребна за ослободување на шпанскиот стручњак од обврската кон актуелниот шампион во Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА