Тен Хаг: Само Мбапе е подобар од Рашфорд

Тренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг кажа дека напаѓачот на неговиот тим Маркус Рашфорд е еден од двајцата најдобри играчи на светот, кога е во прашање трка со противничките дефанзивци.

Јунајтед ќе искористи да го продолжи договорот на Рашфорд, и така да не дозволи негово заминување без отштета. Од тука англискиот репрезентативец доби пофални зборови од својот тренер.

„Од првиот момент на моето доаѓање го препознав огромниот потенцијал во него. Кога Маркус ќе добие топка во простор зад противничката одбрана, нема играч на светот кој може подобро да реши од него. Тешко е да се сопре. Моментално од него е подобар само Мбапе во тој сегмент“, рече Тен Хаг.

Рашфорд постигна три гола на СП во Катар, на пет натпревари колку што одигра.

Се вчитува...