Андреј Магдевски по неколку месечниот престој во МЗТ Скопје повторно излезе во „интернационалните води“ и до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Донар Гронинген. Македонецот овој викенд дебитираше во „БНХТ“ првенството со 10 поени и 4 асистенции, а едно од додавањата се најде меѓу најубавите потези на колото.
Македонецот аситираше под нозете на противникот, воодушевувајќи ја холандската публика, а неговиот потег е трет најубав на 11. коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА