Првиот натпревар на Чаир 2030 во „Шабан Трстена“ донесе и немил настан кога во втората четвртина од дуелот против Работнички лице влета на теренот со цел да се пресмета со гостинскиот кошаркар, Ерик Нотиџ. Брзата интервенција на двата тима спречи поголема пресметка, но натпреварот не продолжи по што гостите од „Градски Парк“ службено го добија мечот од 9. коло со 20-0.
Детали на настанот изнезе и Министерството за внатрешни работи кој го открива идентитетот на напаѓачот како фоторепортер на домашниот состав.
„Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска сала „Шабан Трстена“ на подрачје на Чаир, за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб“, информира МВР.
За немилиот настан се огласи и кошаркарскиот клуб Чаир 2030 кој остро го осуди потегот на поединецот и се извини на љубителите на спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

