Последниот натпревар од првиот дел од првенството во женската кошаркарска лига донесе дерби меч во Македонска Каменица каде Баскет КАМ славеше со 65-62 против Вардар, нанесувајќи го првиот пораз за скопскиот тим во сезоната и задржувајќи ја перфекцијата од седум победи во седум натпревари.
Предводеничка на домашниот состав со 22 постигнати поени беше 17-годишната Марија Николов која воедно ги постигна и клучните поени за својот тим. Таа погоди погоди со звукот на сирената за предност од 64-60, а откако „вардарки“ брзо поентираа за 62-64, над младата кошаркарка беше напревен прекршок, а со едно погодено слободено фралње го постави и конечниот резултат.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА