Ирански фудбалер осуден на смрт, се огласи и ФИФПРО

На немирите во Иран никако да им дојде крајот, а од оваа земја доаѓа уште една страшна вест. Фудбалерот Амир Насер-Азадани, е осуден на смрт поради поддршка на кампањата за правата на жените во оваа земја.

Протестите во оваа земја почнаа после убиството на младата Махсе Амини, после што цела земјата се крена на нозе во борбата против режимот. Протестите беа поддржани и од многу спортисти, и поради тоа добија казни од државата.

Али Даи поранешниот играч на Баерн Минхен во отсуство е осуден на смрт, а и фудбалерите на Светското првенство во Катар беа натерани да ја пеат химната, откако на првиот меч одбија да не го направат тоа во знак на протест.

Во целата акција се вклучи и ФИФПРО која се бори за правата на фудбалерите во светот, и информираше дека веста е шокантна.

Се вчитува...