Шкендија се засилува со Себастијан Херера!

Во моментите на пауза во македонската Прва лига, екипите се во преговори за потпишување на нови играчи за пролетниот дел од сезоната. Тетовска Шкендија го направи првиот потег, и го ангажира досегашниот фудбалер на штипска Брегалница, Себастијан Херера, дознава ЕКИПА.

Левокрилниот играч ќе потпише двегодишен договор со тетовските „црвено-црни“, после само шест месеци минати во таборот на штипска Брегалница. Тој во минатото беше дел од Работнички пет години, а во 2020 година потпиша со МТК од Унгарија, но на почетокот од оваа сезона се врати во Македонија.

Со тоа Шкендија ќе добие големо засилување на, за нив, проблематичната лева бековска позиција.

Шкендија се очекува во пролетниот дел да остане без услугите на Сабит Билали, кој и онака е суспендиран поради удирање на противнички играч.

Се вчитува...