Иди ми, дојди ми: 25 играчки промени по 9. одиграни кола во Првата кошаркарска лига

По два месеца од првиот натпревар во новата сезона во Првата кошаркарска лига, 11 од 12 клубови претрепеа промени во својот ростер. Единствен кој остана имун на „иди ми, дојди ми“ трендот е новајлијата Струмица кој го зачува стартниот ростер, но притоа забележа само една победа во првенството.

Најголем број на промени претрпе Куманово кој веќе стандардно во последните две сезони ги губи своите играчи поради финансики проблеми. „Сино-белиот“ табор го напуштија Ризман, Јузбашиќ, Кели, Смит и Мехиќ, а пред заминување од клубот е и Ален кој и покрај тоа што беше на клупата не настапи на последниот меч против Академија ФМП.

По три заминувања имаме од редовите на МЗТ Скопје (Магдевски, Ајви и Максвел), Работнички (Златевски, Крофорд и Мариновиќ), Кожув (Грковиќ, Скот и Муратовиќ) и Феникс 2010 (Гарвин, Темелковски и Бакингхам) со тоа што поранешниот младински репрезентативец се одлучи да стави крај на професионалната кариера, а Американецот беше продаден во Унгарија.

Од редовите на Академија ФМП заминаа Кортесио и Овенс, од Чаир 2030 Стротер и Камбери, додека од ТФТ центарот Тавија и Доналдсон.

Доналдсон премина во редовите на Пелистер, но битолчани не можат да сметаат на неговите услуги по тешката повреда во „Младост“, додека по едно заминување беше забележано и од тимовите на Гостивар (Стедман) и Еуро Никел (Димчевски).

Се вчитува...