Кристијано Роналдо не планира да дозволи мундијалското фијаско да биде и негово збогување со националниот тим, откако големиот ас најавил дека ќе ја продолжи репрезентативната кариера и во 2023 година.
Тој веќе има 37 години, но Кристијано очигледно не планира наскоро да се пензионира. Тој на своите најблиски им соопштил дека приоритет во моментов му е наоѓање на нов клуб, но и дека воопшто не размилува за повлекување од националниот тим.
„Погледите на Роналдо во следната година се насочени кон репрезентацијата, негова желба е да продолжи да игра до ЕП 2024. Кој ќе биде селектор нема никаков влијание врз одлуката на Кристијано, кој би останал со репрезентацијата дури и доколку Сантош продолжи на селекторската функција“, истакнаа блиску пријатели на Роналдо.
Тешко е за верување дека Сантош ќе го преживее шокантниот пораз од Мароко, а останува да се види кого Португалците ќе изберат за нов селектор. Како една од опциите се споменува и Жозе Мурињо, кој би добил специјална дозвола од Рома паралелно да ги води и „римската волчица“ и португалскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА