Познати се стартните состави на Аргентина и на Хрватска за полуфиналниот натпревар кој ќе се игра вечерва. Аргентинскиот селектор Лионел Скалони се реши за една измени, додека Златко Далиќ со истиот состав како против Бразил, ќе се спротивстави и на Аргентина.
Аргентинците овојпат стартуваат со Таљафико на левата бековска позиција на местото на Акуња, кој овојпат ќе стартува од клупата. Измена има и во средниот ред во кој се најде Паредес овојпат во стартниот состав.
Додека Хрватска се реши без измени. Иако имаше информација дека ќе стартува стрелецот на голот Бруно Петковиќ, но во стартниот тим се најде Крамариќ, Пашалиќ и Перишиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА