Вилдоза: Ја обожавам Србија, Србите се луди како Аргентинците (ВИДЕО)

Лука Вилдоза ја немаше привилегијата да го проследи полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар помеѓу неговата Аргентина и Хрватска, но Аргентинецот ја почувствува победата над својата татковина пред осум илјади навивачи на Црвена Звезда.

Вилдоза одигра нов одличен натпревар во „црвено-белиот“ дрес за што доби овации од публиката во Белград која притоа скандираше и „Аргентина, Аргентина“ во чест на пласманот во финалето, но и во чест на својот предводник.

„Неверојтно. Љубовта која ја чувствувам од навивачите не можам да ја опишам, а и јас ја возваќам. Пресреќен сум што настапувам пред нив. Во текот на мечот каде и да погледнев луѓето ми кажуваа како се одвива натпреварот. На крајот дури и скандираа „Аргентина, Аргентина“. Ја обожавам Србија, Србите се луди како Аргентинците, живеат со страст“, изјави по мечот Вилдоза.

Се вчитува...