Ракометарките на Ѓорче Петров откако се пласираа во осминафиналето во Европскиот куп, одличната серија на победи сезонава ја продолжија и во домашниот шампионат откако во дербито на групата Б славеа на гостински терен кај ЖРК Металург со 24-26.
Во првото полувреме гостинките одиграа далеку подобро и на пауза заминаа со позитива од четири гола 9-13. „Лавиците“ одлично го контролираа резултатот се до финишот кога домашниот тим успеа да дојде на само минус еден (24-25) во последната минута. Сепак Ѓорчепетровки погодија во својот последен напад и славеа со 24-26.
Емилијана Ризоска со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ива Божиновска постигна ист број на погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА