Поранешен ФИФА судија: Ве молам господа, тоа не беше пенал за Аргентина

Се уште се шпекулира за вчерашниот пенал со кој Аргентина поведе со 1-0 против Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

За едни е исправна одлуката на италијанскиот судија Даниеле Орсато, а за други е голема грешка која го одлучила целиот меч. Аргентина поведе со 1-0 против Хрватска со голот на Лионел Меси од пенал во 34. минута, откако Доминик Ливаковиќ, според италијанскиот судија, направил прекршок врз Јулијан Алварез.

Одлуката на италијанскиот судија жестоко ја прокоментира и поранешниот судија на ФИФА, Мексиканецот Фелипе Рамос Ризо, кој работи како аналитичар на ЕСПН. Првиот беше „непостоечкиот пенал“ изјави Рицо, а потоа го објасни својот став.

„Ве молам, ова не е пенал. Хрватскиот голман стои, а Аргентинецот паѓа. Ова се важни податоци за кои не требаше да се досуди пенал: десната нога на голманот е постојано на земја, а контактот е неизбежен поради инерцијата. Контактот е неизбежен“, изјави Рицо. 

 

 

Се вчитува...