Магдебург го освои Париз, Пик Сегед рутински со Елверум

Германскиот шампион Магдебург стигна до голема победа на гостувањето кај Пари Сен Жермен од 33-37 во дерби натпреварот од денешната понуда во 10. коло од ракометната Лига на шампиони. Откако на полувреме „светците“ имаа предност од 19-15, Германците одиграа неверојатно второ полувреме и на крајот стигнаа до конечен триумф од 33-37.

Омар Инги Магнусон беше убедливо најдобар поединец во победничкиот табор завршувајќи го натпреварот со 12 гола. Кај поразените недоволни беа седумте погодоци на поранешниот „вардарец“ Даинис Криштопанс.

Во вториот натпревар од понудата од 18.45 часот унгарскиот шампион Пик Сегед без проблеми славеше на гостувањето кај норвешскиот Елверум со 32-34. Шоштариќ и Фримел со по шест гола беа најпрецизни кај победникот, додека со ист број погодоци кај поразените завршија Андерсон и Грондал.


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...