Никола Јокиќ го одигра својот најдобар натпревар сезонава во НБА лигата, во триумфот на неговиот Денвер над Вашингтон од 141-128.
Одличниот српски центар постигна 43 поени, дополнето со 14 скока, 8 асистенции и пет освоени топки, за трет еднододруго триумф на Денвер, со кој сега стигна до ефект од 17 победи, наспроти и 10 порази.
До извонредениот напаѓачки учинок во само 33 минути Јокиќ дојде со доминација под кошот и со неверојатен шут од 17/18 за два поени. Промаши две тројки, а постигна девет од 10 слободни фрлања. Имаше и осум загубени топки. Посебно впечатлив беше на почетокот од третата четвртина кога постигна 15 од првите 19 поени на својот тим, а за преостанатите два коша асистираше.
По мечот Јокиќ ја доби и наградата за МВП во минатата сезона која од неодамна се вика „Трофеј Мајкл Џордан“, кој е и првиот таков врачен во историјата.
Од другите синоќешни дуели, Детроит по продолжение славеше против Шарлот со 141-134, а за победничкиот тим одличен беше Бојан Богдановиќ, кој во 37 минути постигна 24 коша.
До победи дојдоа и ЛА Клиперс против Минесота со 99-88. Пол Џорџа ги предводеше победниците со 17 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА