Претходно постоеја најави дека освојувачот на Златната топка, Карим Бензема би можел да се врати во Катар во случај Франција да дојде до финалето на Мундијалот, откако во меѓувреме се врати и со полни тренинзи во Реал Мадрид.
Бензема беше во составот на Дешамп за Мундијалот, но мораше да се откаже за време на пристигнувањето во Катар откако заработи повреда на тренинг пред стартот на турнирот. Дешамп никогаш не го замени Бензема, што значи има право на враќање, па токму тоа беше една од темите на синоќешната прес-конференција на францускиот селектор по победата над Мароко од 2-0 во полуфиналето.
Новинарите токму тоа го прашаа Дидие Дешамп, дали планира можеби да го повика Бензема за финалето. а добија изненадувачки одговор.
„Пффф… Всушност, не сакам да одговорам на тоа прашање“ – рече Дешамп, па со малку пауза дополни: „Следното прашање ве молам“.
Франција сака да стане првата нација уште од 1962 година која успеала да го одбрани шампионскиот трофеј. Тогаш, во 1962 година, генерацијата на Бразил со две едноподруго титули ја предводеше легендарниот Пеле.
„Постојат емоции, постои гордост, ќе биде тоа последниот чекор“ – рече Дешамп, кој највредниот трофеј во фудбалот го освои и како играч во 1998 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА