Женската штафета на САД го урна рекордот на шампионатите на трката на 4х50 метри слободно на Светското првенство во мали базени. Штафетата на Американките во состав: Тори Хаски, Клер Курзан, Ерика Браун и Кејт Даглас до златниот медал стигнаа со време од 1:33.89 минута. Среброто им припадна на Австралијките, додека со бронза се закити Холандија.
На кралската трка во машка конкуренција на 100 метри слободно, светскиот рекордер Кајл Чалмерс од Австралија го освои златото со време од 45.16 секунди што е нов рекорд на светските шампионати. Сребрениот медал му припадна на Французинот, Максим Гросе, додека со бронза се закити Алесандро Мирези од Италија. Романското чудо од дете, Давид Поповичи го освои четвртото место со нов јуниорски светски рекорд (45.64).
На истата делница во женска конкуренција неверојатната Ема Мекион го освои златото исто така со нов рекорд на шампионатите 50.77 секунди. Со сребро се закити Сиобан Бернадет Хауи од Хонг Конг, додека бронзена е Холанѓанката, Марит Стенберген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА